Биљал Касами реизбран за лидер на Беса
На Вториот конгрес на партијата, што се одржа денеска во Скопје, Касами е повторно избран за лидер на Беса.
„За мене тоа е голема чест истовремено и одговорност да бидам на чело на една партија која докажа дека е доследна на принципите за кои се залага дека е заштитник на сите на кои им се прави неправда“, рече Касами.
„Ние докажавме дека иако имавме многу проблеми со кои се соочивме во минатото дека не потклекнуваме и не запираме, туку продолжуваме уште посилно напред. Ќе се залагаме за еднаквост, слобода и за продолжување на патот кон целосна интеграција на Македонија во ЕУ. Ова особено после последните случувања во Украина, за кои ние сме убедени дека посилно треба да се залагаме за целосно зачленување во ЕУ, затоа што само така ќе бидеме побезбедни и ќе можеме да создадеме подобра иднина и подобри услови за нашите граѓани“, порача Касами.
„Движењето Беса по овој Втор конгрес продолжува уште посилно да оди напред, ние се враќаме на голема врата на политичката сцена на Македонија, ова особено со приклучувањето на многу активисти кое кулминираше со приклучувањето на активистот Фатмир Лимани. Со ова сакаме да докажеме дека и во иднина вратите на БЕСА е отворена за сите кои сакаат да придонесат за подобро утре за сите нас во Македонија“, рече Касами.
Тој најави дека на првиот состанок на Централниот одбор ќе биде избрано ново Централното претседателство на движењето.