Ужасот во слики: 18-месечно момче загина по гранатирање во Мариупол

Marina Yatsko, left, runs behind her boyfriend Fedor as they arrive at the hospital with Kirill.

Марина Јацко, заедно со нејзиното момче, Федор, итно се упатиле во болница во петокот, откако нејзиниот 18-месечен син Кирил бил ранет во гранатирање во Мариупол, Украина.

Фотографот на Асошиетед прес Евгениј Малолетка ја снимил сцената додека медицинските работници избезумени се обидувале да го спасат животот на момчето. Тој не преживеа.

A medical worker reacts after 18 month-old Kirill dies.

Клучниот град Мариупол е под опсада на руските сили решени да ја зајакнат контролата врз Украина. Денес украинските власти ја обвинија Русија дека го гранатирала градот и цивилните коридори надвор од него, и покрај сопствената согласност на Русија да го запре огнот. Западните власти забележаа промена во руската стратегија со зголемени напади врз цивили и населени места.