Продолжува ароганцијата на Министерката за (не)култура

Текстот е превземен од Каролина Дурло:

„Денеска во Прилеп имаше една случка за која сметам дека во најмала рака е срамна и недозволива и затоа решив јавно да ја кажам!!

Имено, во фоајето од НУЦК “Марко Цепенков” беше поставена изложба од маски кои, традиционално ги изработуваат прилепските ученици, по повод Карневалот “Прочка”. Покрај децата и наставниците, присуствуваше и градоначалникот. Настан многу битен и важен, не само за градот, туку и за државава. Истовремено пак, во директорската канцеларија од ЦК “Марко Цепенков”, која се наоѓа во истиот простор, дознавме дека во посета била дојдена министерката за култура !?!?!?

Градоначалникот, откако ја дозна оваа информација, отиде до вратата од канцеларијата, веројатно, како “татко” на градот, културно да ја поздрави гостинката. Но, вратата беше заклучена!?!?!?

Скандалот да биде уште поголем, барем колку ние што видовме, ако грешам се извинувам, но никој не се ни потруди барем да ги информира директорката и министерката дека градоначалникот е пред вратата од заклучената директорска канцеларија.

Намерно не употребувам имиња на луѓево, бидејќи ич не е битно кои се, туку ШТО СЕ и во чие име се на тие ФУНКЦИИ за така арогантно да си се однесуваат, небаре по дома си бркаат гости!?

Патем, министерката за (не)култура не почувствува ни потреба да се појави и барем од куртуазија да го поздрави културниот настан чија публика беа деца, наставници, родители и, секако ние, новинарите, кои абер немавме дека министерката ни била во градот.

https://www.facebook.com/karolina.durlo.5