Арсовски: Штом незаконски го праќа СДСМ како награда Фрчковски во Обединети нации, ние на законски начин ќе го вратиме кога ќе се смени власта

СДСМ и нивниот Пендаровски против сечија волја, против законите, против стратешките партнери, го назначува Фрчковски за амбасадор во Обединетите нации.

Почитувани,

Она што не му успеа ниту на Зоран Заев да го направи, сега Пендаровски заедно со Ковачевски го прави.

Фрчковски е единствениот човек што не го сакаат ниту во неговата матична држава Република Македонија, ниту пак го сакаат надвор во другите држави. Знаете зошто? Затоа што знаат каков човек е. Всушност тој е човекот кој е врзан директно за највеќе скандали изминатите 30 години во Република Македонија. Од коруптивни, мизогини за жал, насилни, и многу други скандали, атентати поврзуван и се останато.

Откако не го сакаа стратешките партнери за амбасадор во Вашингтон и е вратен од официјален Вашингтон, имајќи ги на ум сите негови скандали во неговото портфолио, скандалозно портфолио, Пендаровски противзаконски го праќа за амбасадор во Обединетите нации. Нејасно е, се уште е нејасно, колку аматерски и како може да прати човек како Фрчковски за амбасадор во Обединети нации, човек кој не го сака ниту еден стратешки партнер на Република Македонија.

Со ова, Пендаровски го прекршил член 39 од Законот за надворешни работи за претставување пред собраниската комисија, а преку Собранието и јавноста, истите немале можност да извршат контрола врз извршната власт, како што е и претседателот и самите амбасадори.

Пендаровски, со ова кое што го прави во моментов заедно со Ковачевски и сите останати го нарушува угледот на Република Македонија, го нарушува угледот на дипломатијата која и онака е руинирана и го уништува угледот воопшто на граѓаните на Република Македонија, и им ја потценува нивната интелигенција.

Фрчковски, кој добива награда од Пендаровски за неговите на моменти фашистички ставови и ставови против својата држава, против својот народ, против своите граѓани сега ќе треба да ја претставува Македонија во една од најважните светски дипломатски институции.

Фрчковски велеше дека Албанците ќе пливаат во Јадранското море накај Италија. Еве јавно прашуваме, дали и ДУИ е согласен како коалиционен партнер на СДСМ и покрај ваквите изјави, Фрчковски да ја претставува Република Македонија во Обединетите нации.

Но, едно е важно, и ова треба да го запомнат и многу брзо ќе дојде, штом незаконски Пендаровски, Ковачевски и сите останати таму како награда го праќаат Фрчковски во Обединетите нации, ние на законски начин ќе го вратиме веднаш штом се смени власта и сите кои што ќе постапиле противзаконски ќе сносат одговорност.

Не смееме и нема да дозволиме вакви ликови да ја срамат и да ја брукаат народски кажано Република Македонија. Ова се ликовите кои што 30 години се канцер на македонското општество. Фрчковски никогаш нема да биде амбасадор на Република Македонија во Обединетите нации туку ќе ја има титулата срам на Република Македонија во Обединетите нации.