Филипче ептен упорен: Бугари во устав не било закана за македонскиот идентитет, Мицкоски немал право да го блокира европскиот пат на Македонија

Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека дали ќе ги продолжиме преговорите со Европската Унија зависи само од власта, која како што вели, тоа очигледно не го сака. Останува на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет.

– Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а од власта очигледно не сакаат. Ги плаши граѓаните дека е загрозен јазикот, идентитетот и не знам која друга идентитетска одредница на македонскиот народ, со цел да не се направи чекорот којшто не носи никаков ризик, а тоа се уставните измени. Така да, билатералните прашања со било која земја членка на Европската Унија не се никаков дел од нашата преговарачка рамка и тоа граѓаните мора да го знаат, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Конгресот на НСДП.

Според Филипче, билатералните прашања се решаваат билатерално и никако не можат да влијаат или да го сопрат европскиот пат, односно отворањето и затворањето на кластерите, така како што го поминале секоја една земја којашто се приклучила во Европската Унија.

– Ова е само уште една лага и манипулација на оваа власт, затоа што сакаат исто како и во очи изборите 24-та година да глумат патриоти, дека се тие на браникот на одбрана на националните интереси на државата, што не е вистина. Поради тоа што со тоа што не се продолжува европскиот пат, оваа власт на чело со Христијан Мицкоски националните интереси и иднината на земјата ги загрозува, изјави Филипче одговарајќи на прашањето дали после последните позиции изнесени од властите во Софија СДСМ е сигурна дека уставните измени ќе бидат последно и единствено прашање кое што ќе биде или е поставено од страна Бугарија, но и од Брисел и дали потоа навистина ќе ги почнеме и завршиме преговорите со ЕУ, односно ќе станеме членка.

Власта има обврска да распише референдум, затоа што нема право да го запре европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка позиција и никогаш не кажаа дека ќе го блокираат европскиот пат на земјата“, изјави Филипче.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ветувала враќање на името на државата, укинување на Преспанскиот договор и промени во односите со соседите, но дека ниту едно од тие ветувања не било реализирано.

Филипче оцени дека актуелната власт ја држи државата надвор од европските процеси и ја обвини дека работи спротивно на интересите на граѓаните.

Воедно, тој нагласи дека целта на „Фронтот за слобода и правда“ е обединување на политички партии, граѓански организации, интелектуалци и активисти кои се залагаат за европска иднина на државата.

„Овој фронт има за цел во пресрет на следните избори да ја врати власта во рацете на граѓаните“, рече Филипче.

Според него, одлуката за продолжување на евроинтегративниот процес зависи исклучиво од актуелната власт.

„Ги плаши граѓаните дека се загрозени јазикот и идентитетот, со цел да не се направи чекорот кој не носи никаков ризик, а тоа се уставните измени“, додаде лидерот на СДСМ.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK