Трагедија во Вашингтон: Пукнал резервоар со 300.000 литри хемикалија, десетмина се повредени, има и жртви

Неколку лица загинаа, а повеќе се тешко повредени во пожар што избувна во фабрика во Лонгвју, во близина на границата меѓу сојузните држави Вашингтон и Орегон на северозападот од САД, соопштија локалните власти.

Противпожарната служба на Лонгвју, во заедничко соопштение со компанијата Nippon Dynawave Packaging и локалните власти, потврди дека во инцидентот има смртни случаи и дека повеќе лица се тешко повредени. Точниот број на жртви засега не е објавен.

Итните служби интервенирале по пукање на резервоар што содржел хемиски раствор во вторник наутро. „Во овој момент нема непосредна закана за околната заедница“, се наведува во соопштението.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK