САД започнаа нови напади врз Иран
САД соопштија дека започнале нови напади врз јужен Иран, насочени кон ирански локаци за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, објави Би-Би-Си.
Нападите беа преземени во „самоодбрана“ и беа наменети „да ги заштитат трупите од заканите што ги претставуваат иранските сили“, се вели во соопштението на Централната команда на САД.
Портпаролот на Централната команда, капетан Тим Хокинс, изјави дека американската војска „продолжува да ги брани своите сили“.
Иран сè уште не одговорил на нападот на САД. Сепак, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаи, претходно изјави дека иако е постигнат одреден напредок во разговорите за завршување на војната, договорот „не е неизбежен“.
Не е јасно какво влијание ќе имаат нападите врз потенцијалниот мировен договор меѓу САД и Иран.
По нападите, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека договор е сè уште опција и посочи на разговорите во вторник меѓу главниот преговарач и министер за надворешни работи на Иран и премиерот на Катар.
Подоцна повторно запрашан за нападите во понеделник, Рубио рече: „Теснецот мора да бидат отворен. Ќе биде отворен на еден или друг начин. Она што се случува таму е незаконско, нелегално е, неодржливо е за светот, неприфатливо е.“
Капетанот Хокинс рече дека американските напади биле насочени кон области во близина на Бандар Абас, јужен пристанишен град и дом на иранска поморска база што се наоѓа на Ормутскиот теснец, според „Њујорк тајмс“.
Comments are closed.