(ВИДЕО) Само Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија, но по тоа би уследила промена на целата историја на Македонија и негирање на македонскиот јазик!

Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо верува на политиките на Радев дека уставните измени се последната препрека за нашиот влез во ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, не само што уставните измени не е последната препрека, туку не е ниту последно барање на Бугарија. На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија. Ова е од периодот кога Филипче и Заев се власт и секако немаа никаква осуда за овој говор на Радев, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Филипче да одговори, дали го има гледано ова обраќање на Радев и дали смета дека само Бугарите во Устав е проблемот кој се надзира?

-Уставните измени се само првиот од многуте барања кои ги имаат Бугарите, а се однесуваат на бугаризација на наши историски ликови како Гоце Делчев, Кирил и Методиј, Јане Сандански, негирање на идентитетски разлики, негирање на македонскиот јазик и култура, како и менување на комплетната историја на Македонија, посочуваат од партијата.

 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK