Анализа: ПОДЛИЗУРКОВЦИ – најлоши, најштетни, најрасипани луѓе на светот

,,Како Бугарија ви го загрозила идентитетот? Еве кажете како ви го загрозила? Дали вие поради нечии размислувања и така натаму се чувствувате поинаку?‘‘.

Ова тврдење на Венко Филипче ги остави подзинати не само тие што се противат на неговата политика за вметнување на Бугарите во уставот, туку и неговите соработници и сопартијци кои во најмала рака сакаат да веруваат дека тоа што го кажа не го мислеше токму така.

Да му е пр пат, па да е ,,lapsus linguae‘‘. Но, проблемот е што Филипче во континуитет тврди дека Софија на никој начин не го загрозува македонскиот идентитет и јазик, а уште помалку дека тоа ќе се стори со вметнување на Бугарите во преамбулата на уставот. Да станува збор за тазе политичар и би разбрале дека некои работи не ги гледа низ искусна политичка диоптрија. Но, тој е лидер на СДСМ веќе 2 години, а дополнително беше министер повеќе години во владата на Заев, па и советник во времето на министерот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

Значи, Филипче точно знае што вели и кому е упатено кажаното, кон своите политички ментори од Бугарија, посебно креаторот на ,,Бугари во уставот‘‘, Румен Радев. Всушност, Филипче и покрај противењата во сопствената партија, овој пат игра ,,бугарски рулет‘‘ со ставање на својата политичка иднина на полето ,,се или ништо‘‘.

Како поинаку да се протолкува неговата честитка до мандатарот Румен Радев, во која надвор од секоја дипломатска пракса и политички сенс го критикува својот политички протвник Христијан Мицкоски, нарекувајќи го лидер на криминална група, која свесно го блокира европскиот пат на земјата и создава вештачки конфликти со соседите, заради заштита на својот корумпиран систем.

Барањето чаре за својата политичка кариера, дури и од непријателот стана сламка за спас на Филипче, кој остана неразбран дури и во своето партиско јато.

Со оглед на тежината на неговото тврдење дека ,,Бугарија на никој начин не го загрозува ниту оспорува македонскиот идентитет‘‘, еве неколку официјални изјави од актуелни политичари и документи да го потсетат зошто е недовербата во официјална Софија.

– Румен Радев (2022) – Во Македонија се гради „идентитет заснован на фалсификат на Коминтерната.

– Бојко Борисов (2020) – Бугарија не го спори правото на самоопределување денес, но историските корени на македонската нација и јазик се бугарски.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK