Румен Радев тврди: Јас го предложив внесувањето на Бугарите во Уставот

Македонската јавност повторно е разбранувана откако бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за бугарски медиум изнесе тврдења кои директно ја засегаат внатрешната политика на земјата и евроинтегративниот процес.

Радев се пофали дека во текот на изминатата година останал цврст на своите позиции во однос на барањата Македонија да започне преговори со Европската унија, алудирајќи на тоа дека токму бугарската политика одиграла клучна улога во поставувањето на условите.

Но, најголемо внимание предизвика неговата изјава дека идејата за внесување на Бугарите во македонскиот Устав била токму негова иницијатива. Со ова, Радев практично сугерира дека клучен дел од политичкиот процес во Македонија е резултат на предлог кој доаѓа од Софија.

Овие ставови отвораат сериозни дилеми во македонската јавност – дали тогашната власт предводена од СДСМ прифатила надворешни предлози кои директно навлегуваат во уставниот поредок на државата? Дополнително, се поставува прашањето дали актуелните политики и натаму се движат во насока дефинирана надвор од границите на земјата.

Јасно е едно – изјавите на Радев повторно ја ставаат темата за уставните измени и односите со Бугарија во центарот на јавниот дискурс, во момент кога земјата се обидува да направи исчекор кон Европската унија.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK