ОКТА го продолжува попустот од 3 денари за дизелот и 2 денара за бензините до крајот на април

ОКТА го продолжува попустот при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани останува 2 денара по литар.

Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат

придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, големопродажните и малопродажните трговци остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени”, посочуваат од компанијата.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK