Неуспешни преговори меѓу Иран и САД, делегациите го напуштија Пакистан
Повеќечасовните преговори меѓу иранската и американската делегација во Исламабад во саботата не доведоа до мировен договор со кој ќе се стави крај на војната, по што американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и остатокот од американската делегација го напуштија Пакистан.
Иранската делегација, исто така, го напушти Исламабад рано утрово откако преговорите завршија без резултати.
Пакистан ќе продолжи да посредува во мировните преговори меѓу САД и Иран, изјави министерот за надворешни работи Ишак Дар, според новинската агенција ДПА.
„Пакистан имаше и ќе продолжи да има улога во посредувањето во ангажманот и дијалогот меѓу Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави во наредните денови“, се вели во соопштението на Дар.
„Од суштинско значење е страните да продолжат да ја почитуваат својата обврска за прекин на огнот“, додаде тој. „Се надеваме дека двете страни ќе продолжат во позитивен дух за да постигнат траен мир и просперитет за целиот регион и пошироко“, рече тој.
Comments are closed.