Иран објави дека Ормутскиот теснец е повторно отворен, Трамп се заблагодари, нафтата падна на 88 долари

Ормутскиот теснец е „прогласен за целосно отворен“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.

Доналд Трамп напиша на социјалните мрежи – ви благодарам!

Screenshot

-Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормутскиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период од прекинот на огнот, по координираната рута како што веќе беше објавена од Организацијата за пристаништа и поморство на Исламската Република Иран, објави на X, иранскиот министер.

Двонеделното примирје меѓу Иран и САД треба да заврши на 22 април.

Светските енергетски пазари денеска нотираа дека цената на суровата нафта од типот „Брент“ падна на 88 долари за барел. Ова е значително намалување од речиси 12% во текот на денот.

Ова следува откако Иран објави дека Ормускиот теснец повторно е отворен за комерцијален поморски сообраќај. Овој клучен енергетски коридор, низ кој поминува околу една петтина од глобалната трговија со нафта, изминатите денови беше под закана, што ја одржуваше цената на високo ниво.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK