Фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ: Соседите слушнале силна детонација, пејачот спиел со жена му, таму била и ќерката

Познатиот пејач Здравко Чолиќ, врз чија куќа рано утринава е фрлена бомба, според неофицијални информации, во моментот на нападот спиел дома, а во куќата била присутна и една од ќерката.

Според првите информации, нема повредени, но е причинета голема материјална штета на објектот.

Веднаш по пријавата, полициските сили ги блокирале приодите кон домот на пејачот, а истрагата ја спровеле на лице место припадници на МВР и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Форензичарите собираат докази и проверуваат снимки од околните камери за надзор за да го идентификуваат напаѓачот.

Соседите опишуваат дека слушнале „страшна детонација“ што ги вознемирила жителите на овој дел од градот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK