Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Во МВР е пријавено дека во Ургентниот центар во Тетово е донесено бебе без знаци на живот.

– Веднаш е постапено и е констатирано дека се работи за бебе на И.А.(37) од Тетово. Увид на местото изврши екипа од СВР Тетово и лекар од судска медицина, при што не се пронајдени траги на насилство, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK