И ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ, КАНДИДАТОТ ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ, ИМА ПРОГРАМА ЗА ГРАЃАНИТЕ
Редакцијата на ЗБОР го контактираше кандидатот за Државен Јавен Обвинител, Владимир Панчевски, со неколку прашања во врска со неговата кандидатура.
– Господине Панчевски, функцијата Државен Јавен Обвинител е многу серизна и одговорна, посебно во овие моменти кога судството има екстремно ниска доверба. Веруваме дека следува многу работа за оној кандидат кој што ќе биде избран, не само во делот на враќање на вербата во судството, туку и правдата . Дали доставивте своја програма и кои се целите на истата?
– Да, доставив своја програма, иако тоа не е задолжително по закон за оваа функција. Нема да ги откријам деталите од програмата што е развиена, со акцент на граѓаните и нивните очекувања и има околу 50 страници. Да се почека со изборот на еден од кандидатите.
Целта ми е отварање кон граѓаните со граѓански канцеларии во секое јавно обвинителство, нема повеќе само „допрен глас“ кој може и да не допре, туку обврска директно гласот на граѓанинот да дојде и извести и пријави за својата мака.
– Што очекувате од изборот за Државен Јавен Обвинител, дали сметате дека ќе биде избран најквалтетниот кандидат?
– Секако. Сите кандидати имаат свои квалитети и сум имал лична соработка, освен негативното искуство со Ристоска која водеше постапка против мене за која сега сум во комуникација со Стразбур и очекувам позитивен исход, по кој во таа постапка ќе поднесам барање до институциите на Република Македонија за нејзино разрешување поради одлуката на Стразбур, нормално и надомест на штета.
Comments are closed.