СДС тотално забега: По Героски, удри манијакално со девалвации по Саша Богдановиќ
Народски, „фатени со смкнати гаќи“ и со јавна потврда од негов близок соработник дека нивниот лидер од сенка гради 42-катница во Дубаи, СДС се отвори како што вистинскиот им водач, Заев, го отвори македонското судство. Во манијакален занес и хејтерски творечки немир партијата која оди кон буништето на историјата во едно утро девалвира две, за нив неподобни личност. По новинарот Героски, сега мета на мизантропските соопштенија на мизерните пи-арџии на Бихаќка стана Саша Богдановиќ, поранешен градоначалник на Центар од нивните редови. И пак, со многу омраза во целата прикаска.
Интересно е што и Героски и Богдановиќ долг период многу успешно соработуваа со СДС, едниот како новинар, другиот како висок функционер на партијата и градоначалник. Велат, дека најчесто вака крајот мириса, со јавни пресметки со довчерашните „твои“ соработници. Ќе бараат ли и нивна депортација, во Британија можеби, се шегуваат по социјалните мрежи со луцидноста на забеганите СДС пиарџии…
Следува интрегралното (со уреднички коментар), целосно забегано и луцидно трето денеска (до 10 часот наутро, ќе има гарант уште многу) соопштение на СДС, кои или се во некој лош филм на Алфред Хичкок со многу параноја во себе или претерале со консумацијата на иљачот на новопечениот член на ИО, Јон. Оценете самите.
Токму ова е дел од copy-paste валканата кампања на Вучиќ во Србија, која тој по налог ја пренесува и во Македонија.
Comments are closed.