Досегашниот заменик-претседател Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавните обвинители

Башким Бесими е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители (СЈОРМ), одлучи Советот на денешната седница. Бесими досега ја извршуваше функцијата заменик-претседател на Советот. За нов заменик претседател на него предлог е избрана Маријана Илиевска.

Изборот на претседател на Советот на јавни обвинители, како штол налага законот беше спроведен со тајно гласање, како на непосредни избори, со параван и гласачка кутија.

Предлогот за избор на Бесими беше поднесен од членот на Советот, Зорица Павловиќ и беше поддржан со осум гласови „за“ од вкупно 11 членови. При гласањето имаше три неважечки ливчиња.

„Фала на поддршката, и тие што не гласале ќе бидат со мене, заедно ќе работиме. Како второ сакам да се заблагодарам на досегашната претседателка, додека го водеше Советот заеднички се боревме сите и понатаму ќе се бориме заеднички и ќе изл еземе на добри патишта“,рече Бесими по изборот.

За заменик-претседател на Советот, тој ја предложи членката Маријана Илиевска, а предлогот беше едногласно поддржан.

Изборот следи по престанокот на функцијата на претходната претседателка, Душица Димитриеска, поради истек на мандатот на 1 октомври годинава. Ова беше констатирано на 28. седница на Советот одржана на 30 септември. Тогаш изборот на нов претседател беше одложен поради одржувањето на локалните избори.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK