Демант на лажните вести на СДСМ: Нити „тројца“ вработени, ниту газдата студирал на машински, го утнале и времето на тендерите
Бомбата повторно и пукна на Кузеска в раце. „Квалитетот“ на детската монтажа во „пеинт“ е соодветен на нивото на инфантилност на Бихаќка, а „бомбата“ не случајно е така аматерски нацртана. Подобра монтажа нема да им прилега. Реално, и ова е премногу добро за нив. Не бадијала, во јавноста веќе наголемо е во оптек: „Кој лаже, тој краде, вошки врие и на Бихаќка спие.“
Сопственикот на компанијата „Сигмоид Груп“ за кого Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, тврди дека имал блискост со премиерот Христијан Мицкоски како наводен поранешен студент на Машинскиот факултет категорично ги демантира сите тврдења на СДСМ.
„Во однос на личните податоци, категорично демантираме дека основачот Јован Јанкуловски има завршено Машински факултет. Истакнуваме дека тој никогаш не бил студент на Машинскиот факултет. Воедно, никогаш немал контакт со премиерот“, велат од „Сигмоид“ во демант до јавноста.
„Сигмоид Груп“ ги демантира сите наводи од таканаречната бомба на Кузеска.
Comments are closed.