Граничниот премин Богородица – Евзони е затворен од 19 часот поради блокади поставени од грчките земјоделци

Граничниот премин Богородица – Евзони вечерва од 19 часот е целосно затворен за сите типови возила, поради блокади поставени од грчките земјоделци, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот кон Грција е во целосен прекин, а засега нема информации кога преминот би можел повторно да се отвори.

Од македонска страна, на останатите гранични премини нема подолги задржувања, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK