Вистината како шило – Признане на бивш функционер на ЛДП: На локалните избори 2013 година ние ги закочивме лифтовите во Општина Центар, а го набедивме ВМРО за да победи Жерновски
Поранешниот функционер на ЛДП Мирослав Шиповиќ на Фејсбук го нарече Андреј Жерновски „несреќа“ и откри една тајна од локалните избори во 2013 година кога токму Жерновски стана градоначалник на Општина Центар. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше обвинето дека намерно ја исклучила струјата во зградите за да не можат постарите жители да ги користат лифтовите и да излезат на гласање.
Ама не било така. Шиповиќ тврди дека тие ги закочиле лифтовите и го набедиле ВМРО за да може да победи токму Жерновски.
Comments are closed.