Aдеми демантира: Ахмети не се повлекува од ДУИ, ниту од политичката сцена

Дезинформација е дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на партијата Арбр Адеми.

– Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката, изјавил Адеми за „Слободен печат“, во врска со пишувањата на медиумот на албански јазик „Фол“ дека Ахмети сериозно размислувал да се повлече од активната политика по изборите.

Според него, за такво нешто воопшто нема да се расправа на денешната седница на партиското претседателство.

Таквите дезинформации, како што додава, се објавуваат со цел да се деморализираат нивните гласачи во пресрет на вториот круг од локалните избори кои се закажан за 2 ноември.

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, денеска ги демантира објавите во медиумите дека лидерот на партијата, Али Ахмети, по локалните избори ќе се повлече од политичката сцена, пренесува МИА.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK