ФИЛИПЧЕ НЕ ПЛАНИРА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА – Ќе продолжел да работи на консолидирање на партијата

По прогласувањето на резултатите од локалните избори лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека не планира да поднесе оставка, иако не е постигнат посакуваниот изборен резултат, но, како што оцени, „резултатот не е лош со оглед на околностите“.

Дополнително, Филипче посочи дека во добар дел од општините СДСМ има зголемување на бројот на гласови во однос на ланските парламентарни и на претседателските избори.

– Тоа е доказ на таа консолидација којашто започна изминатите месеци во партијата – процес на кој интензивно ќе работиме во следниот период. Апелирам граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг. Битно е избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број граѓани – рече Филипче.

Резултатот, според Филипче, е доказ за консолидација на партијата којашто започна изминатите месеци.

На директно прашање дали планира да поднесе оставка од партиската функција, Филипче одговори:

– Не. Планирам да продолжам да работам на консолидирање на партијата. Има огромен број луѓе до кои нашите пораки допираат и навистина ова е еден почеток – рече Фипче.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK