Нема да има прекин во градскиот превоз – „Пуцко Петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво и покрај долгот од 10 милиони евра
Сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, за ТВ21 ја демантираше неизвесноста околу тоа дали утре ќе има автобуси на улиците во Скопје.
Тој потврди дека компанијата и натаму ќе го снабдува ЈСП со гориво, и покрај милионскиот долг на јавното претпријатие.
– Нема да има прекин на градскиот превоз. „Пуцко Петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво, и покрај тоа што имаат долг од 10 милиони евра – изјави кратко Јахоски.
Со оваа порака, компанијата ги смирува граѓаните кои со денови живеат во неизвесност дали автобусите ќе излезат на своите линии.
Comments are closed.