„Легендарниот Чарли Кирк е мртов“ – не преживеа откако беше застрелан на универзитетски настан

Познатиот британски новинар и ТВ водител Пирс Морган вечерва објави дека сојузникот на Трамп и десничарски коментатор Чарли Кирк починал откако бил застрелан на кампусот на Универзитетот во Јута.

Кратко потоа, самиот Доналд Трамп ја потврди веста на „Truth Social“.

За потсетување, Чарли Кирк, 31-годишен конзервативен активист и извршен директор на „Turning Point USA“, беше застрелан во вратот денес додека држеше говор на Универзитетот во Јута.

Се огласи и потпретседателот на САД, Џеј Д. Венс:

„Вечен одмор дај му, Господи“, напиша тој на Х, споделувајќи ја и објавата на претседателот на Трамп.

Чарли Кирк, влијателен активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на „Turning Point USA“ (TPUSA), беше застрелан пред неколку часа, околу 12 и 30 по локално време, за време на настан на Универзитетот Јута Вали.

Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога е застрелан додека зборува под шатор на кампусот. Во исто време, студентите бегаат во паника од звуците на огнено оружје. Кирк настапуваше таму како дел од турнејата American Comeback Tour, организирана од локалниот огранок на TPUSA.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK