(ВИДЕО) Израел го нападна Катар

Неколку експлозии се слушнаа во Доха, Катар. Густ чад се извиваше над главниот град на Катар. Жител на Доха за Ал Арабија изјави дека слушнал најмалку пет експлозии – резултат на израелски напад насочен кон високи функционери на Хамас.

Во израелскиот напад во Катар, според Ал Арабија, е убиен главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја. Вкупниот број на загинати или ранети во нападот сè уште не е познат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас вчера ја презеде одговорноста за убиството на четворица израелски војници во Газа и за нападот врз автобуска станица во Ерусалим во кој загинаа шест лица.

„Напладне ги собрав раководителите на безбедносните служби на Израел и одобрив хируршки прецизен напад врз лидерите на Хамас“, рече Нетанјаху.

Тој додаде дека на 7 октомври 2023 година, Хамас „го изврши најлошиот напад врз еврејскиот народ од холокаустот“.

„Во почетокот на војната, Израел рече дека ќе ги фати оние што го извршија овој ужас. Денес, Израел и јас го одржавме тоа ветување“, рече Нетанјаху.

Израелскиот претседател Исак Херцог се огласи на Икс во врска со нападот врз Катар.

„Одлуката на премиерот и министерот за одбрана, заедно со врвот на ИДФ и Шин Бет, да го нападнат врвот на Хамас е важна и исправна. Да не заборавиме – Халил ал-Хаја е крволочен терорист со крвта на илјадници на рацете, еден од архитектите на масакрот од 7 октомври, како и многу негови колеги“, напиша Херцог.

 

 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK