Трикратниот светски шампион во маратонско пливање Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го препливал Ла Манш
Трикратниот светски шампион во маратонско пливање, Евгениј Поп Ацев направи уште еден подвиг во својата кариера, го преплива каналот Ла Манш.
Евгениј Поп Ацев во 2023 година имаше еден неуспешен обид да го направи тоа, но се врати и успеа. Тој патеката на каналот меѓу Франција и Велика Британија ја мина со фантастично време од девет часа и 43 минути.
Поп Ацев стана само петтиот Македонец кој го препливал Ла Манш, претходно тоа го направија Нико Нестор во 1959 година, Атина Бојаџи во 1969, Томи Стефановски во 2009 и Игор Димовски една година подоцна.
Евгениј Поп Ацев е дел од Куќата на Славните во маратонското пливање во светот, тој има настапи на 107 настани меѓу 2007 и 2021 година.
Каналот Ла Манш е долг околу 34 километри по најтесната линија меѓу Довер (Англија) и Кале (Франција), но пливачите обично минуваат повеќе – често 35–40 км или повеќе, поради силните струи и промените на плимата кои ги носат надвор од правата линија.
Асоцијацијата Ла Манш му упати искрени честитки за овој негов голем успех. Поп Ацев по трет пат го плива Ла Манш и овој пат успешно, првите два пати се откажа.
-Големи честитки за Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој денес успешно го преплива Англискиот канал за неверојатни 9 часа и 43 минути.
Евгениј е трикратен светски шампион и член на Меѓународната куќа на славните во маратонско пливање, со 107 настапи на светски натпревари во кариерата од 2007 до 2021 година.
Неверојатен подвиг – браво, Евгениј!, се вели во нивната објава на ФБ.
Голема благодарност и до целата екипа на бродот која го овозможи овој подвиг.
Comments are closed.