Политички давеници: Филипче е ПРОТИВ СТРАТЕШКИОТ ДОГОВОР СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО, бил антиевропски?!

„Се става акцент само на Коридор 10. Да се земаат толкави кредити, а паралелно да се блокира европскиот пат, е некоректно. Се задолжуваат идните генерации за инфраструктурни проекти“, додаде Филипче. Дали, треба како во нивно време, генерациите да се задолжуваат за градење на НИШТО, прашаа веднаш граѓаните на социјалните мрежи, потсетувајќи на милијардите задолжувања и енормното растење ан јавниот долг во услови кога најголем и капитален капитален проект беше тунелот што затворениците го ископаа под затворот Идризово…

Без ниту еден презентиран контра-аргумент, претседателот на СДСМ и сопственик на ЗЛАТНА ВИЗА за Дубаи застана јавно против проектите и договорот за стартешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство. На прес-конференција, директно по викенд минат на плажа, Венко Филипче го нарече договорот АНТИЕВРОПСКИ. Во превод, Филипче е против влез од 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА инвестиции во Македонија, односно против прогрес на сопствената држава и благодет на сограѓаните. Се’ што се кажа беше во рамките на народното „рекла-казала“, без ниту еден факт. Во светот ова се вика – пласирање лажни тези за кои немате никаква поткрепа или „пуштање бубачка“ меѓу граѓаните.

-Начинот на заемот за вакви проекти ја бележи оваа влада како антиевропска, изјави Филипче. Човекот со необјаснето потекло ЗЛАТНА ВИЗА додаде и дека наместо да го блокира патот кон Европската Унија, Владата требала да ги искористи можностите кои ги нуди ЕУ, како што се неповратните грантови.

Филипче, со јасно видлива боја фатена на плажа викендов, јасно застана и против изградбата на брза пруга во Коридорот 10, која ја нарече „големиот кредит за брзата железница север-југ“, која од една страна – иако била потребна за државата, отворала прашање за нејзиниот приоритет.

„Се става акцент само на Коридор 10. Да се земаат толкави кредити, а паралелно да се блокира европскиот пат, е некоректно. Се задолжуваат идните генерации за инфраструктурни проекти“, додаде Филипче. Дали, треба како во нивно време, генерациите да се задолжуваат за градење на НИШТО, прашаа веднаш граѓаните на социјалните мрежи, потсетувајќи на милијардите задолжувања и енормното растење ан јавниот долг во услови кога најголем и единствен капитален проект беше тунелот што затворениците го ископаа под затворот Идризово…

Дополнително и очекувано од сите, тој јасно потврди дека ќе има средба со Арбен Таравари, кој неодамна се повлече од ВЛЕН, за која рече дека е одложена за оваа недела, посоќувајќи оти владината коалиција се распаѓа само една година по нејзиното формирање.

Не даде одговор околу златната виза и дали се врати од плажа за да го соопшти тао дека се против прогрес на Македонија и македонските граѓани.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK