Пензионер од Свети Николе пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши

Вчера во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од тераса на својата куќа на ул.„Питу Гули“ пукал од воздушна пушка кон неколку деца кои береле цреши од цреша во неговиот двор.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK