Огромна гранка падна врз дете во Карпош – се здобило со повреди на телото, општината и „Паркови и Зеленило“ се препукуваат зошто гранката не била исечена

Дрво паднало врз малолетник во Карпош 3, близу до Лептокарија,кој е пренесен во болница. Ова го објави Општина Карпош, обвинувајќи дека „Паркови и Зеленило“ требало да го исечат дотрајаното дрво.

„Меѓутоа, како и во стотици други случаи јавното претпријатие и Градот Скопје остануваат глуви на барањата на Општина Карпош и на граѓаните. Општина Карпош бара Министерството за внатрешни работи да го документира овој немил настан, да се утврди одговорноста и за истата да се сносат правни последици“, велат од Општина Карпош.

Од градското претпријатие „Паркови и Зеленило“ велат дека дрвото не било обележано за сечење.

„За конкретното дрво до нас нема пристигнато никакво барање ниту пак има издадено Решение за сечење. По барањата на странките за интервенција врз дрвјата редовно се постапува. Во досегашното работење на сите барања на Општина Карпош е одговорено. Сметаме дека надлежните од општината го злоупотребиле овој немил настан од причина што доколку се работи за подрачје на нивна општина за кое требало да поднесат барање“, велат од претпријатието објаснувајќи ја процедурата како се сече дрво и по чие барање.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK