По првиот неуспешен обид да ја киднапираат Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев
На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основниот Кривичен суд Скопје, беше прикажана снимка и од 24 ноевмри 2023 година.
Снимката е направена во три часот и 47 минути пред домот на обвинетиот Велибор Манев.
Овој датум е важен бидејќи тој ден во Скопје е направен неуспешниот обид да се киднапира Вања.
На снимката се гледа како „фелицијата“ на Боро Видевски се паркира пред куќата на Велибор Манев. Видевски ја носи истата јакна како неколку денови претходно, а на рацете има ракавици.
Од претходните снимки се виде дека „цитроенот“ на Жежовски во тој период веќе е во Скопје.
На камерата се гледа дека „рено кангуто“ е паркирано во дворот на куќата. Во 4 и 30 возилото заминува за Велес, а „мерцедесот“ и „фелицијата“ остануваат на улицата пред куќата.
Во 10 часот и седум минути, по неуспешниот обид да ја грабнат Вања, „рено кангуто“ се враќа пред куќата на Манев, а од него излегува Видевски во истата облека како рано утрото. Манев излегува од возачкото место и одзади вади две лопати, а става сина вреќа.
Првообвинетиот Љупчо Палевски тој ден е во Скопје.
Ден подоцна, околу 16 часот и 30 минути пред домот на Манев пристигнува Видевски со својата „фелиција“. Нешто разговараат, по што Видевски оди кон „кангуто“ и оди кон Велес.
Обвинителката тврди дека тој ден „кангуто“ заминува за Скопје за три дена подоцна повторно да се обидат, овојпат успешно, да ја киднапираат Вања Ѓорчевска.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.