Охриѓанец итно пренесен во болница откако пред полицијата голтнал ќесе со кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При преглед во возило „ауди“ во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и го пренесле во Општата болница во Охрид.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.