Матичните лекари штрајкуваа 1 час заради ненајавените промени во „Мој термин“
Едночасовен предупредувачки штрајк од 11 до 12 часот одржаа денеска матичните лекари поради измените во „Мој термин“.
Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова вели дека штрајкуваат затоа што од „Мој термин“ (Управата за електронско здравство) без најава добиле наредба да верификуваат мобилни телефони на пациентите пред да им биде овозможено да ги прегледаат.
Системот „Мој Термин“ утворо не бил достапен се додека не се изврши внесување на мобилниот телефонски број на пациентот.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.