Македонија си го трасира патот без да бара патоказ, овојпат како фактор, а не како случаен минувач!

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски ја коментира објавата на Икс на сопственикот на „Рамбл“, Крис Павловски, во која канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло го фали премиерот Христијан Мицкоски дека е еден од најдобрите политички лидери на Балканот.

„Македонија си го трасира патот без да бара патоказ, овојпат како фактор, а не како случаен минувач“, твитна Дурловски над описот од Павловски на шефот на македонската Влада:

„Еден од најдобрите лидери во Европа и еден од единствените момци кои ракоплескаа за говорот на Џеј Ди Венс претходната недела во Германија. Македонија има светла иднина“.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.