Кешишов се прекрстува, па тргаат: Обвинетите од домот на Велибор Манев пешки тргнале да го киднапираат Панче Жежовски?

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основниот Кривичен суд Скопј, при презентацијата на камерите од домот на обвинетиот Велибор Манев во Велес се гледа како во вечерните часови на 21.11.2023 во предворјето пристигнува возило во 20 и 57 минути.

Лице излегува во возилото и влегува во куќата. Според обвинителството, тоа лице е обвинетиот Боро Видески со неговата „шкода фелиција“. Тоа е ноќта кога исчезнува Панче Жежовски. Велешанецот е убиен следниот ден.

Неколку минути подоцна од „рено кангу“ од совозачкото место излегува другиот обвинет, Влатко Кешишов и влегува во куќата. По него излегува и првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. „Цитроенот“ на Жежовски на овие снимки сè уште го нема.

На следната снимка од истата вечер во 22 часот и 26 минути се гледа Кешишов во дворот од куќата како се прекрстува и во раката држи ранец. Кешиов нешто става во возилото, а Манев држи два балони. Кешишев со возилото „рено кангу“ излегува на улицата, а Манев со својот „мерцедес“ се упатува кон Велес.

По дваестина минути Манев со „мерцедесот“ се враќа од истото место кон кое замина и повтоено заминува. Прашањето е што барал Манев во вечерните часови неколку пати да оди кон градот неколку пати и веднаш се враќал? Во 22 часот и 43 минути Манев ги носи двете туби кон „кангуто“ кое во тој момент е паркирано на улицата.

Шест минути подоцна се гледа Палевски со слушалка во увото како со Видески излегуваат на улицата. Кешишев се упатува кон „кангуто“ додека останатите го чекаат. Видевски во раката држи радио врска „моторола“ и ја тестира. Закачени микрофони имаат и Видевски и Манев.

Сите четворица пешки тргнуваат во правец на куќата на Жежовски бидејќи биле соседи од иста улица со Манев. Во 22 и 56 минути се гледа како Кешишев се враќа од правецот од кој претходно замина пешки. Две минути подоцна „кангуто“ оди кон Велес, односно во правец на куќата на Жежовски. 23 и 57 минути сите доаѓаат пред куќата на Манев и нешто разговараат. Тројца влегуваат внатре додека Кешишов се упатува кон „кангуто“, зема некоја кеса и туба и влегува во домот на Манев.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.