Завршија разговорите помеѓу руската и американската делегација во Ријад, средбата оценета за позитивна

Првата рунда средби во кралската палата во Ријад – Саудиска Арабија траеја четири и пол часа, а учесниците ги оценија како позитивни и конструктивни. Според првичните информации, САД и Русија се согласиле да состават тимови задолжени за решавање на конфликтот во интерес на сите засегнати, а веќе се подготвува и теренот за првата средба меѓу претседателите Трамп и Путин, но датум не е утврден.

Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц по средбата порача дека целта на претседателот Трамп е да се запре убивањето и да има трајно запирање на војната, но посочи дека очекува како тема да се начне територијата и безбедносните гаранции, за кои вели се фундаменти кои може да го одржат, но и да го поткопаат текот на преговорите.

И Руската страна заминува задоволна од средбата, велејќи за разлика од претходната администрација на Бајден, сега е сослушана и нивната страна, а денешната средба ја оценуваат како соодветен почеток на она што треба да следува за да се дојде до мирот…

САД на преговарачката маса ги предводеше Марк Рубио, заедно со Мајк Волц и Стив Виткоф. Наспроти нив, министерот за надворешни Сергеј Лавров и советникот на Путин, Јури Ушаков.

Од друга страна, додека траат преговорите за мир во неговата земја, претседателот на Украина, Володимир Зеленски е на средба во Туриција со претседателот Ердоган, оти не доби покана на „масата“ во Ријад, па посочи дека Украина нема да прифати никакви решенија во чие создавање нема да учествува.

Синоќа во Елисејската палата во Париз се собраа и европските лидери на најмоќните земји, кои исто така не добија покана да седнат на преговарачката маса во Ријад… Нивниот вонреден собир заврши со заклучок дека САД мора постави заштитен механизам за да ја одврати Русија од понатамошни напади врз Украина, случај во кој Британија и останатите земји би поставиле трупи да ги раздвојат завојуваните.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.