Почина работник на автопатот Кичево-Охрид
51-годишник од Кичево кој работел на изградбата на автопатот Кичево-Охрид починал вчера на работното место.
– На 29.01.2025 во 13.20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека З.Т.(51) од Кичево, при извршување работни задачи на дел од автопатот Кичево-Охрид, кој е во изградба, паднал и починал, информираше МВР.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево, а увид извршиле полициски екипи и трудов инспектор. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.