Грозоморно убиство во Србија. Две млади момчиња убиле маж, го врзале и го претепале до смрт, пишуваат српските медиуми.
Убиството се случило ноќта меѓу 27 и 28 јануари во околината на Бојник.
Телотo на 61-годишен маж денеска е пронајдено покрај реката. На телото имало видливи повреди.
Сомнежите се дека на 27 јануари по кратка дискусија во куќа во село кај Бојник, момчињата неколкупати го удриле мажот, а потоа го одвлекле до блискиот поток, го врзале и продолжиле да го тепаат со раце, нозе и дрвен стап.
Вишото јавно обвинителство Лесковац денеска му одреди притвор на млад човек (19) од Бојник поради сомнение дека заедно со малолетник (17) од засега непознати причини го убиле мажот.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.