Maчни детали за пронајдените тела на судењето каде Обвинителството изведува докази за убиствата
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството.
Обвинителката Жаклина Трајковска предочи дека Панче Жежовски бил пронајден во дупка длабока три метри со дијаметар од 1,67 метри. Во близина на дупката обвиткана со земја и трња бил пронаден мобилниот телефон на Жежовски како и една чаура од муниција со калибар од 9 мм.
Неговото возило кога било пронајдено било целосно опожарено, но се забележувале регистарските ознаки.
На, ова се надоврза бранителот на првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, Јовица Страшевски кој бараше доказите да се изведуваат, а не само да се читаат.
Вања, пак, имала дупка во главата од проектил од боева мунција. Обвинителството ова го доставило како доказ до судот.
Пронајдена е и сива самолеплива лента на главата од девојчето и ова е дел од доказите, се надоврза судијата Ивица Стефановски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.