Трагедија во Кисела Вода: 70 годишна жена почина по пад од тераса, дете пренесено во Ургентен
Министерството за внатрешни работи денес известува дека вчера во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда.
-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С.(69) од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош, информира МВР.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.