СЈО во ОЈО: Бубевски и Коцевски си направиле Одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје
Ова е инка направена за да може сите нови кривични пријави кои ќе бидат поднесени против поранешни функционери да се структуираат во едно одделение за да има јасна контрола и цел, како со тие предмети да се постапува во иднина
Во скопското Основно обвинителство било формирано ново Одделение за сериозен и сложен криминал. Иако законот оредвидува можност да се формираат одделенија, прашањето е за кои дела ќе биде ова посебно одделение, кое, поред тврдењата го формирале првиот скопски обвинител Гаврило Бубевски и републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Си формирале Одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје. Обвинителството за гонење на организиран криминал за што служи? Зар ова не е пандан на Обвинителството за организиран криминал? Ова е инка направена за да може сите нови кривични пријави кои ќе бидат поднесени против поранешни функционери да се структуираат во едно одделение за да има јасна контрола и цел, како со тие предмети да се постапува во иднина. Самиот назив на ова Одделение звучи сериозно. А во ОЈО имаме обвинител кој што реално има законски пречки да постапува во ова одделение зашто тој обвинител е избран во јули месец 2023 година. Законот за јавно обвинителство вели дека обвинители кои немаат работно искуство од три години може да постапуваат само по предмети кај што предвидената максимална казна е 5 години. А во содржината на известувањето за формирањето на ова Одделение се наведуваат сериозни кривични дела за кои е предвидена казна доживотен затвор. Како тој обвинител што нема искуство ќе оистапува по овие предмети. Ние како обвинители следиме судска надлежност, ние сме странки во постапката. Ама знаете ли кои заврзлами ќе произлезат од ова одделение. Тој обвинител кој прибавувал докази за конкретен предмет, судот ќе каже ти не си надлежен за овој предмет, запретената казна е над 5 години – коментира обвинителот Мустафа Хајрулахи во поткастот „На кавга со Иван“.
Тој вели дека формирањето на ова Одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје е навидум протнување на мала врата на ново СЈО. СЈО во ОЈО.
Имаме решение од Апелација кое стрикно наведува дека за сите предмети кои се под 353, кога се работи за буџетски средства, надлежно е Обвинителството за гонење на организиран криинал. Формално правно ова одделение не треба да постои– додава доскорешниот виш јавен обвинител Хајрулахи кој неодамна беше суспендиран.