Обвинителство на „буткање“: По силните критики на премиерот и јавноста, Коцевски ги задолжи обвинителите да работат, за промена
По постојаните и основани критики на власта, особено на премиерот Христијан Мицкоски за тотална неактивност на Обвинителството во полето на криминалот и корупцијата, републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски објави дека ги задолжил сите јавни обвинители итно да стават приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес. Нешто што требаше одамна да го стори и без прозивки од јавноста…
По постојаните и основани критики на власта, особено на премиерот Христијан Мицкоски за тотална неактивност на Обвинителството во полето на криминалот и корупцијата, републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски објави дека ги задолжил сите јавни обвинители итно да стават приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес.
Во соопштението на Јавното обвинителство, во кое се пренесува одлуката на Коцевски, се посочува дека тој сериозно ги прима апелите на извршната власт за зголемување на активноста на истражните органи, а особено на Обвинителство во борбата против корупцијата. Во оваа смисла тој, во рамки на своите надлежности, најавува реорганизација на силите во ЈО која ќе овозможи поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела, особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата.
Следствено, Коцевски ги задолжил обвинителите од основните, односно од вишите јавни обвинителства, во рок од 10 работни дена по носењето на Упатството да одржат колегиум со сите обвинители во основните, односно во вишите јавни обвинителства, на кој ќе се разгледуваат обемот на работа на конкретно обвинителство во однос на предмети од областа на корупцијата, подносителите, преземените дејствија и активни издадени наредби, како и предизвиците при постапувањето во таквите предмети.
Обвинителите треба да дадат предлози за надминување на предизвиците со цел поефикасен кривичен прогон.
„За сите овие активности ќе бидат доставени извештаи до Јавниот обвинител на Република Македонија, а доколку биде констатирано неоправдано одолговлекување на постапките ќе биде извршен вонреден надзор над постапувањето на соодветните јавни обвинители“, наведуваат од ЈОРСМ.