Николоски за криминалите во ЕСМ: За РЕК Битола очекувам да се отворат и нови случаи, на потег се органите на прогонот
Меѓу една од многуте теми на кои зборуваше вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше и РЕК Битола, криминалите во Тец Осломеј и скандалите кои се случуваа во време на власта на СДСМ и ДУИ, објави Лидер.
Николоски најпрво се осврна за Васко Ковачевски, а за него вели дека ќе мора да се врати назад.
И тој како Груби нема каде да бега. Не е Асад да добие политички азил, започна Николоски.
Потоа потсети на криминалите кои токму тој ги обедини додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција.
За РЕК Битола очекувам и други случаи да се отвораат. Јас јавно сум зборувал за овој случај и други случаи кои очекувам да се отвараат. Овој случај со адитивите не е единствен, станува збор за класична злоупотреба. Јас бев тој кој во кампањата ги извади куќите во Неготино на еден од осмничените и неговото семејство. Очекувам во иднина да се отвораат и други случаи кои ВМРО-ДПМНЕ ги презентираше во опозиција. Како тоа една компанија добиваше тендери за ископ, па потоа добиваше уште еден идентичен тендер буквално јајце на јајце беа тендерите. Па како исти анкеси добиваше во двата тендери. Како една компанија, само тоа добиваше на електронска аукција? Како никој друг не се пријавуваше?, прашува Николоски и ги наведува овие нелогичности.
Николоски вели дека сега на потег се органите на прогонот.
Видовме од новото раководство на ЕЛЕМ, со претходната власт производствената цена на електрична енергија скоро и да се дуплираше. Треба од Буџетот да се плаќаат субвенции за тоа граѓаните да не го почувствуваат, но за жал го чувствува стопанството. Овие случаи треба да ги разгледаат обвинителството, финансиската полиција, органите на прогонот. Парите мора да се вратат назад. Ние останува посветени на овој. Кај граѓаните имаше коментари „дали ќе се испорача правдата“, секако дека правдата ќе биде испорачана. Очекувам сега судството да го одговори соодветно. Целиот фокус на јавноста е таму, да бидат на висина на задачата, заклучува Александар Николоски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.