ДПСМ: Ни соопштение ни протест за починатите во модуларната болница или автобусот во кој гореа живи луѓе, а се најавуваат протести за несреќата во Нови Сад

За страдањето на нашите граѓани немаа дури ни соопштение, а камоли организирање на протест за живите запалени во модуларната болница или автобусот во кој гореа живи луѓе, стои во соопштението на информативната служба на Демократската партија на Србите во Македонија, по повод најавите дека утре напладне ќе се одржат протести пред Амбасадата на Република Србија во Скопје, поради несреќата во Нови Сад.

Се молчеше за несреќите во нашата куќа, нашата држава, затоа што на партијата за која работевте, СДСМ, не и требаа протести, наведува информативната служба на ДПСМ.

– Кога некој организира протест, а не знае дали протестите се граѓански или студентски јасно е за што станува збор.

Мошне тешко е да не се забележи дека несреќните настани од Нови Сад каде животот го изгибија 15 граѓани, имаат мобилизационен потенцијал и синхрона ускладеност со налозите на одредени регионални и западни центри на моќ.

Ова невидена хистеричност од соопштението со повик за солидарност е дамка за секој добронамерен човек во Македонија.

Се чини дека сите оние кои во оваа гледаат некаква врста на алтруизам и искрена човечка сочуствителност, политичкото резонирање не им е појаката страна на интелектуалниот капацитет.

За страдањето на нашите граѓани немаа дури ни соопштение, а камоли организирање на протест за живите запалени во модуларната болница или автобусот во кој гореа живи луѓе, а еве сега Србија ќе ја оправаат.

Додека кај нас не се поведе никаква сериозна постапка, во Србија се уапсени петнаесетина одговорни за несреќата во Нови Сад и се подигаат обвиненија.

Молчевте за несреќите во нашата куќа, нашата држава затоа што на партијата за која работевте, СДСМ, не и требаа протести.

Кога веќе молчевте за запалените луѓе во сопствената држава го изгубивте правото и кредибилитетет да се мешате во политиката на нашиот најдобар сосед, по мислењето на огромното мнозинство македонски граѓани.

Впрочем еве еден мисловен експеримент.

Ако сето оваа се одиграше на некое друго место, дали ќе ги видевме истите идентични реакции не само кај нас туку и во регионот.

Во Чешка сега скоро имаше грозоморни убиства никој не реагираше на сличен начин, истото скоро се случи и во Хрватска, само со помалку жртви, никаква реакција, да не потсетуваме кај нас на палењето на живи луѓе во модуларната болница и другите непријатни настани.

За секој кој има коефициент на интелегенција поголем од собната температура одговорот на овие прашања е толку јасен и очигледен да не треба ни да се напише, стои во соопштението на информативна служба на Демократската партија на Србите во Македонија.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.