Доверба од граѓаните: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски
Партијата ВМРО-ДПМНЕ и натаму е првата политичка партија за која македонските граѓани повторно би гласале ако утре се одржат нови парламентарни избори. За првпат коалицијата Вреди е пред ДУИ, а СДСМ по ДУИ.
Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои граѓаните на Македонија имаат доверба. Партијата ВМРО-ДПМНЕ и натаму е првата политичка партија за која македонските граѓани повторно би гласале ако утре се одржат нови парламентарни избори. За првпат коалицијата Вреди е пред ДУИ, а СДСМ по ДУИ.
На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 27,2 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Христијан Мицкоски. На второ место со само 5,3 отсто доверба е Али Ахмети, претседателот на ДУИ. По него следуваат Максим Димитриевски и Венко Филипче со по 3,6%, па Арбен Таравари (2,9%), Димитар Апасиев (2,26%), Изет Меџити (1,8%), Биљал Касами (0,7%), Зијадин Села (0,5%), Африм Гаши (0,2%)…
За првпат во македонската политичка плурална историја на второ место меѓу политичките лидери е претседател на партија на Албанците во Македонија. Тие две места досега беа „резервирани“ за лидерите на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ. Актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, го дели третото место на оваа ранг-листа заедно со Максим Димитриевски, претседателот на новата партија ЗНАМ. А како партија, СДСМ, се дури на четвртото место после ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Вреди.
Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.