Сања Лукаревска СО ФАЛСИФИКУВАН СЕРТИФИКАТ седум години била директор на УЈП?
Заменик претседателката на опозициската СДСМ, Сања Лукаревска од 2017 година до 2024 година била директорка на Управата за Јавни Приходи со фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик добиен во соседна Бугарија, пренесоа медиумите.
Согласно законските одредби за да бидете директор на УЈП треба да имате меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик не постар од 5 години. Законодавецот предвидува дека треба да имате еден од овие 6 сертификати:
ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода
ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода
ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 ниво,
ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен
БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
Во својата апликација до владата, Сања Лукаревска навела дека го поседува четвртиот сертигфикат од листата, тоа е ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First), но документот кој го доставила до владата не кореспондира со изгледот на овој сертификат.
Краткиот преглед на документот остава сомнеж дека ова е обид да се прикаже сертификатот на Кембриџ, иако дури и на самиот документ од едукативниот центар од Бугарија само потврдуваат дека Лукаревска присуствувала на тестирање, но не и дека го добила овој сертификат.
– Мојот сертификат не е од компанијата Јулија КО ЛТД. Мојот сертификат е валиден сертификат, вели Лукаревска.
Но, откако и бил испратен примеротко и споредбата со нејзиниот таа ја прекинала комуникацијата.
Се отвора прашање дали Лукаревска цели 7 години била директорка на УЈП со фалсификуван сертификат.
Според наводите преку 300 функционери од СДСМ имале лажни сертификати