Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.

Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата се надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да му се даде нафта за седум дена од државните резерви.

Пред Град Скопје своето незадоволство го искажуваат жители на Шуто Оризари, организирани од градоначалникот Курто Дудуш, Сојузот на средношколци на Република Македонија, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ.