По 7 години „правење ништо“, сега СДСМ обвинува дека некој „прави ништо’
„Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо.“ реагира опозициската СДСМ, која 2.555 дена или 84 месеци или преведено во години – цели 7 години не правеше ништо и не направи ништо за воздухот во Скопје и Македонија. Партијата додека беше на власт оддржа протестен митинг против себе за чист воздух. Шилегов беше градоначалник, Заев премиер. Сега, реагира за ВМРО-ДПМНЕ кои се 4 месеци на власт. Гледано математички, во однос на битката за чист воздух, СДСМ губи 21:1 според тоа колку беше на власт споредено со ВМРО, а со тоа и со учинокот за воздухот кој денеска го дишеме….
„Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето“, реагираат од Бихаќка.
Поразително е тоа што власта на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо додека граѓаните дишат загаден воздух.“ пишаа во соопштение од СДСМ.
Сега, реагира за ВМРО-ДПМНЕ кои се 4 месеци на власт. Гледано математички, во однос на битката за чист воздух, СДСМ губи 21:1 според тоа колку беше на власт споредено со ВМРО, а со тоа и со учинокот за воздухот кој денеска го дишеме….
Партијата додека беше на власт оддржа протестен митинг против себе за почист воздух. Шилегов беше градоначалник, Заев премиер. И покрај протестот против себе, не се победија себеси и не обезбедија почист воздух. Се фокусираа на промена на името, носење неаргументирана двојазичност, тендери, Француски предлози, непотизам, клиентелизам, криминал. За воздухот не остана ништо.