Остри бриселски критики за Тачевиот неевропски Кривичен законик донесен со европско знаменце
Од Европската Комисија препорачуваат донесување на нов КЗ со согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди. Со ова само потврдија дека СДСМ и ДУИ донесоа неевропски закон, парадоксално со помош на европско знаменце во Собранието. Забрзана постапка, затоа што многу им се брзаше да се самоамнестираат пред да паднат од власт. Со измените на дел од членот 353 од Кривичниот законик се намали затворската казна од најмалку три години затвор на казна затвор од една до четири години за „злоупотреба на службена должност и овластување“, додека со измена на членот 394 од КЗ, казната за „злосторничко здружување“ се намали од казна затвор до десет години, на казна затвор до три години.
Злоупотребата на СДСМ и ДУИ на собраниското европско знаменце за донесување на измените во Кривичниот законик во 2023 година, повторно нотирана и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава. Според познавачите, ова беше и најострата забелешка на Брисел во најновиот извештај.
-Измените на кривичниот законик од септември 2023 ја ослабнаа правната рамка, негативно влијаејќи на гонењето на корупцијата, особено во случаите на високо ниво. Многу тековни случаи беа прекинати или поради истечен рок на застареност или поради тоа што конкретните прекршоци, како што се злоупотребата на службената положба при јавните набавки, веќе не постојат, се додава во Извештајот.
Од Европската Комисија препорачуваат донесување на нов КЗ со согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди. Со ова само потврдија дека СДСМ и ДУИ донесоа неевропски закон, парадоксално со помош на европско знаменце во Собранието. Забрзана постапка, затоа што многу им се брзаше да се самоамнестираат пред да паднат од власт.
Дел од експертската јавноста, минатата година, јасно укажуваше дека веќе донесените законски измени, не се добри. И ВМРО-ДПМНЕ тогаш, од позиција на опозиција, критикуваше дека се работи за обид за амнестија на актуелните функционери. Една година подоцна, потврдено и од Европската комисија.
Адвокатот Тони Менкиноски во телефонска изјава за Курир даде кус коментар на она што ЕК го нотира во овој дел од Извештајот.
-Потребни се реформи, тоа сами го знаеме. Не ни треба ЕУ да ни каже. Проблемот со 2 проценти доверба во правосудството набрзо ќе биде решен од страна на Владата со воспоставување на мерит систем и реално решавање на проблемите на граѓаните, вели Менкиноски.
Подготвен новиот Кривичен законик
Од Министерството за правда вчера информираа дека изготвувањето на новиот Кривичен законик е завршено и истиот е преведен на англиски јазик и доставен на мислење до Европската Комисија.
Од МП посочуваат дека подготвени се и коресподентните табели како обврска од Билатералниот скрининг за Поглавје 23.
Откако ќе се добие мислење од ЕК, ако нема забелешки Кривичниот законик оди во владина процедура по што се проследува до Собранието. Во Парламентот, Кривичниот законик се носи со обично мнозинство.
Со новиот Кривичен законик треба да се вратат измените на членот 353 и 394 на Кривичниот законик, направени во септември 2023 година во скратена постапка со европско знаменеце со кои се намалуваат затворските казни за дела поврзани со злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување.
Со измените на дел од членот 353 од Кривичниот законик се намали затворската казна од најмалку три години затвор на казна затвор од една до четири години за „злоупотреба на службена должност и овластување“, додека со измена на членот 394 од КЗ, казната за „злосторничко здружување“ се намали од казна затвор до десет години, на казна затвор до три години.