На овие светски криминалци МВР на чело со Спасовски им даде македонски пасоши
Македонија за време на владеењето на СДСМ и ДУИ беше омилена земја од која криминалците и нарко клановите сакаат да имаат пасош.
Секако, тие не го сакаа нашиот пасош бидејќи со него можат лесно да патуваат туку до него лесно доаѓаа. На некому дури и им пристигнувале на домашна адреса како божиќен подарок.
Судска завршница за овој скандал имаше, но обвинети беа обични службеници од МВР кои никако не би можеле да дадат пасоши на вакви ликови без да добијат наредба од „горе“. Тие од „горе“ се спасија.Барем засега.
Вчера премиерот Мицкоски од собраниската говорница беше јасен дека ќе побара одговорнот од сегашниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски ако тој не побара одговорност од поранешниот Оливер Спасовски.
„Република“ направи пресек кој се за време на СДСМ доби македонски пасош. Важно е да се напомене дека не станува збор за фалсификувани патни исправи туку легални, издадени на шалтерите на МВР како за сите граѓани.
Тука е украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко. Овој репрезентативец на Македонија во коњички спорт има тесни врски со Русија најпрво доби позитвни оценки од неколку инститции дека нема пречки да стане македонски државјанин.
Шкаљарците Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во 2019 година беа убиени во ресторан во Атина.
Игор Дедовиќ бил Горан Тасевски, а Стаматовиќ Емил Филипов.
Лани во септември беше убиен и Јовица Вукотиќ водачот на Шкаљарскиот клан. Тој беше ликвидиран на автопат во близина на Истанбул од непознато лице кое го следело на мотоцикл.
Вукотиќ имаше македонски пасош на име Георги Андонов и со него беше уапсен во Истанбул во 2018 година и екстрадиран во Србија каде што одлежа 15 месеци затвор.Како четири години подоцна пак се нашол во Турција не се знае и чии пасош користел.
Турската полиција е уште трага по припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор. Бојаниќ е најблизок соработник на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот.
Бојаниќ е посебен случај бидејќи има не еден туку два македонски пасоши. Еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев.
Најпознат е турскиот нарко бос Седат Пекер кој самиот призна дека во полициската станица во Драчево дошол да се фотографира,
Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево. Тој го доби името Џадин Адемовски.
Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија Ндрангета. Валид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.